среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Познати

ПОЧИНА ПЕТМЕСЕЧНОТО БЕБЕ НА СЛАВНИОТ КОМИЧАР – со солзи во очите едвај зборуваше, од самото раѓање ја знаел судбината на неговиот син

ПОЧИНА ПЕТМЕСЕЧНОТО БЕБЕ НА СЛАВНИОТ КОМИЧАР – со солзи во очите едвај зборуваше, од самото раѓање ја знаел судбината на неговиот син

Познатиот водител и комичар Ник Кенон ја потврди тажната вест. Неговиот петмесечен син Зен починал од редок тумор на мозокот.

Комичарот во јуни годинава го дочека своето седмо дете кое го доби со својата партнерка Алис Скот и набрзо дознаа дека нивното малечко се бори со хидроцефалус.

„Забележав дека многу кашла и сакав да проверам“, изјави Ник.

– Чудно дишеше, забележав дека на два месеци има поголема глава во однос на другите деца на таа возраст, но мислев дека се синуси, па го однесовме на лекар поради дишењето. Мислев дека тоа ќе биде рутинска проверка – додал Ник.

За жал, лекарите го информирале семејството дека на детето му се насобрала течност во главата и дека се работи за малигнен тумор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NICK CANNON (@nickcannon)

Низ солзи Ник рекол дека од тој момент се трудел да помине што повеќе време со својот болен син. Комичарот последен пат го видел својот син викендов, а набрзо по трагедијата морал да се врати на бизнисот.

Коронавирус