недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Познати

Почина Орибе Каналес, фризер на многу светски ѕвезди

Почина Орибе Каналес, фризер на многу светски ѕвезди

Орибе Каналес, фризер на многумина ѕвезди од светската сцена, почина на 62 години.

Тоа ги погоди многумина од шоу бизнисот, но се чини, една од најзасегнатите е Џенифер Лопез, која беше и во врска со него.

– Тој направи да го сакам гламурот. Оти тој го сакаше и веруваше дека тоа е важна алатка во рацете на моќната жена. Тој сакаше жените да се чувствуваат убави и секси… Беше перфекционист и вистниски уметник, напиша пејачката на Инстаграм, покрај многуте фотографии посветени нему.

Каналес е роден на Куба во 1956 година, а својот славен фризерски салон во Менхетен го отвори во 1991 година. Негови клиентки беа Пенелопе Круз, Ријана, Лејди Гага и многу други ѕвезди.

МИА

Најнови вести