понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 133
home Познати

Почина Ненад Ненадовиќ од последици од Ковид-19

Почина Ненад Ненадовиќ од последици од Ковид-19

На 57-годишна возраст почина познатиот глумец Ненад Ненадовиќ од последици на Ковид-19.

Беше омилен лик меѓу колегите кои со потресни статуси на социјалните мрежи се простуваат од него.

Ненадовиќ беше хоспитализиран во ковид – болницата во „Батајница“.

Ненад, влезе во актерскиот свет како момче, на 13-годишна возраст, кога ја доби улогата на Моjак во серијата „Враќање на отпишаните“. Покрај тоа, тој беше домаќин на повеќе од илјада емисии за деца, како што се: „Зоотека“, „Пет шоу“ и „Фазони и форе“.

Колегите се едногласни дека си замина прекрасна душа, човек кој бил секогаш насмеан и со искрени намери.

Ненадовиќ позади себе остави сопруга и две ќерки, Јана и Мина кои исто така се занимаваат со уметност.

Најнови вести

Локални избори 2021