сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 80
home Познати

Почина мајката на Силвестер Сталоне

Почина мајката на Силвестер Сталоне

Џеки Сталоне почина на 98 години, а тажната вест ја потврдиле пријатели блиски на семејството.

Детали за смртта на мајката на познатиот холивудски актер Силвестер Сталоне (74), Џеки не се познати.

Таа е родена како Жаклин Френсис пред 98 години во Вашингтон, а на само 15 години избегала од дома. Била опседната со вежбање и кревање тегови, а кога пораснала отворила теретана наменета за жени.

Џеки била една од творците на телевизиското шоу „G.L.O.W., The Gorgeous Girls of Wrestling”, кое се прикажуваше во ’80-тите години.

Нејзина најголема страст била астрологијата, а на оваа тема има напишано и книга која е објавена во 1989 години и која влегла во училишна литература.

Таа не се откажала од вежбањето се до својата смрт и на социјалните мрежи често објавувала видео снимки од вежби.

Желбата да изгледа што е можно помладо резултираше со уништувањето на нејзиниот изглед по бројните пластични операции. Во едно интервју таа и самата призна колку лошо изгледа поради сите направени корекции.

-Се чувствувам како верверичка со уста почна лешници. И натаму ги користам сите можни средства за да изгледам што е можно подобро, но ми се чини дека постигнувам спротивен ефект. Премногу пати бев на вбризгување филер и затоа сега изгледам како верверичка, изјавила Џеки.

Самата си се нарекувала Мама Рамбо, Мама Сталоне и Мама Роки и на тој начин им одавала почит на улогите на својот син кои ги обожавала.

Коронавирус