петок, 5. март 2021. Вести денес: 89
home Познати

Почина легендарниот водител Лери Кинг

Почина легендарниот водител Лери Кинг

На 87 годишна возраст во болница во Лос Анџелес почина легендарниот и долгогодишен водител на „Си-Ен-Ен“ Лери Кинг.

Во 2017 година на Кинг му беше дијагностициран рак на белите дробови, преживеа и неколку срцеви удари и имаше други здравствени проблеми, а на почетокот на месецот беше хоспитализиран поради ковид-19.

Легендарниот водител стана славен во 70-те години од минатиот век со неговата емисија на радио „Шоуто на Лери Кинг“. Потоа доби сопствено шоу на „Си-Ен-Ен“ „Лери Кинг во живо“, кое се емитуваше од 1985 до 2010 година. Од 2012 до 2020 година се префли на „Хулу“ и „РТ Америка“ со шоуто „Лери Кинг сега“.

Коронавирус