понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 146
home Познати

Почина легендарниот српски водител Миња Субота – оваа српска пејачка која тој ја прослави денеска плаче без престан (ФОТО)

Почина легендарниот српски водител Миња Субота – оваа српска пејачка која тој ја прослави денеска плаче без престан (ФОТО)

Почина славниот композитор, музичар, ТВ водител Милан Миња Субота.

Тој почина на 82-годишна возраст откако долго време боледувал од сериозна болест, пренесуваат српските медиуми.

Во саботата, пред шест дена, тој итно бил пренесен на пулмологија, каде ја загубил битката со болеста.

Веста за смртта на Миња Субота на својот фејсбук-профил ја потврди и заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

Милан Миња Субота е роден на 8 ноември 1938 година во Сараево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет, а посетувал и основно и средно музичко училиште во Белград.

Тој беше автор и водител на „Музички тобоган“ – популарна програма за деца која се емитуваше 18 години. Беше претседател на Здружението на поп-уметници на Југославија и Србија, во одборите на директори на Сојузот на композитори на Србија и Здружението на џез, поп, рок и рок музичари на Србија, и член на програмскиот совет на Детски игри Змеј.

Инаку тој е човекот кој во својата емисија „Музички топоган“ ја прослави Наташа Беквалац.

Таа во повеќе наврати изјави дека ќе му биде вечно благодарна, па очекувано неговата смрт многу ја погоди.

„Многу ми е тешко, разберете ме“, им изјави таа на српските новинари денеска по трагичната вест за неговата смрт.

Локални избори 2021