понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Познати

Почина легендарниот кошаркар на Партизан

Почина легендарниот кошаркар на Партизан

Легендарниот кошаркар на Партиза, некогашен репрезентативец на Југославија и еден од најдобрите стрелци во историјата на црно-белите, Бобан Петровиќ почина утринава во Јужноафриканската Република.

Откако неодамна доживеал сообраќајна несреќа, легендарниот кошаркар на црно-белите починал во болница во Јужна Африка, каде што и живеел. Петровиќ последните неколку дена ги поминал во болница, а поради ковид мерките контактот бил ограничен. Утринава јавноста ја доби лошата вест, дека срцето на легендарниот кошаркар престанало да чука.

Петровиќ е роден на 19 јули 1957 година во Крушевац. Играше за Партизан од 1976 до 1985 година и во тој период беше еден од најдобрите црно -бели играчи. Бобан Петровиќ беше и репрезентативец на СФР Југославија на Европското првенство во 1981 година, кога „сините“ освоија сребро, како и една година подоцна на Светското првенство кога репрезентацијата на Југославија освои бронзен медал.

Најнови вести

Локални избори 2021