понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Познати

Почина легендарната пејачка Мери Вилсон

Американската ѕвезда за пеење Мери Вилсон, која како тинејџерка ја создаде легендарната женска група „Супримс“, почина ненадејно на 77-годишна возраст во Лас Вегас.
Почина легендарната пејачка Мери Вилсон

Пејачката, која ја создаде легендарната група „Супримс“ кога имаше само 15 години, почина вечерта на 8 февруари во нејзиниот дом во Лас Вегас, пренесува Индипендент.

Долгогодишниот публицист на пејачката во изјава за „Варајети“ рече дека смртта на Мери Вилсон била ненадејна, и дека околностите допрва треба да се разјаснат.

Бери Горди, еден од издавачите на музика со кој соработуваше Вилсон, и оддаде почит на славната пејачка велејќи: „Бев крајно шокиран и тажен кога слушнав дека почина главниот член на музичкото семејство во Детроит, Мари Вилсон од Суприм ”

Првично познати како „Приметес“, членовите на групата Супримс потпишаа договор со музичката куќа „Motown records“ во 1961 година.

Првиот хит When the Lovelight Starts Shining Through His Eyes е објавен во 1963 година, а после тоа тие станаа најголемите sвезди на тогашната R&B сцена . Suprims сè уште се смета за една од најуспешните групи на сите времиња.

Заедно со колегите Флоренс Балард и Дајана Рос, Вилсон пееше во сите 12 мега хитови на „Супримс“ помеѓу 1964 и 1969 година, вклучувајќи ги и Love Child, You Can’t Hurry Love, Baby Love, Stop! In The Name Of Love, Where Did Our Love Go?, You Keep Me Hangin’ On, Come See About Me, Stoned Love.

Во текот на годините по напуштањето на групата, Мери Вилсон издаде два соло студиски албуми, како и четири книги.

Во саботата, на 6 февруари, пејачката објави видео на својот ЈуТјуб канал во кое изјави дека работи со компанијата Универзална музика за издавање на соло материјал, вклучувајќи необјавен албум наречен Ред Хот, кој го снимаше во седумдесеттите години.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија