среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 18
home Познати

Почина легендарната Милка Бабовиќ

Почина легендарната Милка Бабовиќ

Поранешната југословенска атлетичарка и легендарна хрватска спортска новинарска родена во Скопје, Милка Бабовиќ, почина денеска, на 93-годишна возраст.

Бабовиќ почина во Загреб, каде живееше од 1948 година.

Во својата атлетска кариера, Бабовиќ два пати беше светски студентски и балкански првак на 80 метри со пречки, а титулата државен првак ја освојуваше рекордни 17 пати во поранешна Југославија.

Во 1957 година започна долга и успешна кариера во спортското новинарство, станувајќи заштитен знак на телевизиските преноси од уметничко лизгање на просторите на поранешна СФРЈ, поради нејзиниот специфичен начин на коментирање.

Коронавирус