сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Почина холандската принцеза Кристина

Почина холандската принцеза Кристина

Марија Кристина Холандска почина во 73-та година од животот, објави во петокот холандскиот Марк Руте, пренесува информативната служба на неговата влада

„Со намерното откажување од правото на престолот, таа му даде своја смисла на животот. За неа важни беа семејството, љубовта кон музиката и поддршката на младите пејачки таленти“, се истакнува во соопштението.

Според сознанијата на ресурсот Royal Central, принцезата долго се борела со ракот на коските. Во објавата се наведува дека „Неговото височество кралот Вилем-Александер и Нејзиното височество кралицата Максима и нејзиното кралско височество Беатрикс од Холандија објавија дека нејзиното кралско височество принцезата Кристина починала рано утрото во палатата Нордејнде во Хаг на 72 години“. Принцезата Кристина беше тетка на кралот Вилем-Александер и сестра на принцезата Беатрикс.

„Длабоко сме ожалостени со смртта на нашата сестра и тетка. Кристина беше впечатлива личност и имаше големо срце. Со својата страст кон музиката и нејзиниот талент, таа успеа да допре до многу луѓе. Ќе ги чуваме многуте убави спомени на неа“, се наведува во објавата на кралското семејство.

Телото на принцезата ќе биде изложено во капелата Фагел во рамките на палатата Бордојнде, а погребната церемонија ќе биде исклучиво од приватен карактер.

Марија Кристина Холандска е родена на 18-ти февруари 1947 година во дворецот Сустдејк. Била најмладата од четирите ќерки на подоцнежната холанска кралица Јулијана и нејзиниот сопруг принцот Берд Липе-Бистерфелд. Кралицата Јулијана беше на тронот од 1948 година до абдикацијата во 1980 година. Нејзината постара сестра Беатрикс беше кралица на Холандија од 1980 година до абдикацијата во 2013 година. Таа била родена речиси слепа, бидејќи нејзината мајка во текот на бременоста прележала зараза со рубиола. Во 1975 година се омажила со Хорхе Гиљермо, со кого имаа три деца: Бернардо, Николас и Џулијана. Се откажа од полгање право на престолот по бракот и се преобрати во католицизам во 1992 година, а четири години подоцна се разведе од сопругот. Принцезата Кристина беше пејачака и беше фокусирана на танцот и звучна терапија.