среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Познати

Почина грчкиот композитор Евангелос Одисеас Папатанасиу – Вангелис

Почина грчкиот композитор Евангелос Одисеас Папатанасиу – Вангелис

Грчкиот композитор Евангелос Одисеас Папатанасиу, попознат како Вангелис, почина денеска на 79-годишна возраст, јави денеска Атинската новинска агенција.

Повикувајќи се на изјава од канцеларијата на неговиот адвокат, АНА објави дека Вангелис починал во вторникот доцна вечерта, без да ја наведе причината за смртта, пренесе „Ројтерс“.

– Advertisements –

Евангелос Одисеј Папатанасиј, познат како Вангелис, е роден во Волос на 29 март 1943 година и е еден од најпознатите и најзначајни грчки композитори на сите времиња.

Тој е најпознат по неговата оскаровска музика за филмот „Огнени коли“, а има компонирано препознатливи филмски мелодии за многу познати остварувања, како „Блејд Ранер“ и „Александар“.

Коронавирус