недела, 29. март 2020. Вести денес: 41
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Познати

Почина бившото момче на Џенифер Лопез

Почина бившото момче на Џенифер Лопез

Бившиот емотивен партнер на популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез (50), Дејвид Круз (51) почина во саботата, пренесува TMZ.

Не се познати детални информации за неговата смрт, наводно, Дејвид починал од срцеви проблеми.

Круз и Лопез биле во врска скоро десет години, а врската започнала кога Џенифер имала 15 години.

Долгогодишната партнерка на Круз, Иса, изјави за ТМЗ дека е добар татко на нивниот син, кој сега е во редот на маринците.

Тој беше љубезен, пријатен и отворен. Сакаше да оди во театар со мене и да гледа бејзбол. Никогаш не заборави да каже ‘те сакам’“, вели Иса.

Фото: Getty Images