сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Почина американскиот медиумски магнат Редстоун

Почина американскиот медиумски магнат Редстоун

Сопственикот на Си-Би-Ес (CBS) и на „Вајаком“ (Viacom), Самнер Редстоун почина на 98 години, соопшти холдингот „Нешенал амјузментс“ (National Amusements), кој ја контролира компанијата „ВајакомСи-Би-Ес“.

Редстон до 2016 година беше претседател на управниот одбор на Си-Би-Ес и на Вајаком.

Тој во голем број интервјуа тврдеше дека е крал и оти никогаш нема да умре.

Медиумите често пишуваа за неговите врски, но и за неговите несогласувања со неговите деца.

Редстоун двапати се женеше и двапати се разведуваше и од првиот брак има две деца.

Според „Форбс“ богатството на Редстоун се проценува на 4,6 милијарди долари.

Коронавирус