четврток, 4. март 2021. Вести денес: 174
home Познати

Почина актерката Мира Фурлан

Почина актерката Мира Фурлан

На 66 годишна возраст пред два дена почина хрватската актерка Мира Фурлан. Тажната вест е објавена на Инстаграм профилот „Radionica Integracije“ со кој таа имала соработка.

На својот Фејсбук профил од неа се простил и продуцентот Џозеф Мајкл Стразински со кој таа соработувала во серијата „Babylon 5“.

-Ноќта е со голема тага. Нашата пријателка замина по патот на кој не можеле да ја следиме. Веќе некое време знаевме дека нејзиното здравје е лошо. Се надевавме дека сепак ќе биде добро. Сите наши мисли вечерва ќе бидат со спомените кои ги остави зад себе, напиша меѓу другото продуцентот.

Фурлан играла во повеќе југословенски филмови. Од почетокот на 1990-та година живеела и работела во САД.

Најнови вести

Коронавирус