вторник, 20. август 2019. Вести денес: 9
home Познати

Почина 22-годишната ќерка на светски познатиот тапанар (ФОТО)

Почина 22-годишната ќерка на светски познатиот тапанар (ФОТО)

На 22-годишна возраст почина ќерката на познатиот тапанар од хеви метал групата „Слипкнот“, Шон Крејн.

Шон, кој што е тапанар на американскиот бенд и познат под сценското име „Кловн“, на социјалните мрежи објави дека почина неговата најмала ќерка.

-Со скршено срце и голема болка, ве известувам дека почнина мојата најмала ќерка, Габриел, напиша музичарот.

-Имаше 22 години. За деталите околу погребот благовремено ќе бидете известени. Семејството и јас ве молиме за приватност за да можеме да продолжиме понатака. Ви благодарам, додаде тој на социјалната мрежа на Инстаграм со објавената црно-бела фотографија од неговата покојна ќерка.

Музичарот не ја откри причината за смрта на неговата ќерка.

Шон е еден од основачите на групата „Слипкнот“, а е познат по носењето на маската од кловн во 1995 година.

Од 22-годишната Габриел на Твитер се прости и фронтменот на групата Кори Тејлор.

-Срцето ми е скршено поради мојот брат. Ве молам, имајте љубов за семејството Крејн. Ќе ни недостасуваш Габриел, напиша Тејлот.