петок, 30. јули 2021. Вести денес: 159
home Познати

Победникот на „Ѕвездите на гранд“ има голем повод за славење по големата семејна трагедија – доби цифра од многу нули (ФОТО)

Победникот на „Ѕвездите на гранд“ има голем повод за славење по големата семејна трагедија – доби цифра од многу нули (ФОТО)

Победникот на „Ѕвездите на гранд“ Махир Мулалиќ веќе со денови е во центарот на вниманието откако во саботата победи во шоуто по долги девет месеци од целата сезона.

Набрзо по победата следеше и радосна вест за него, бидејќи доби автомобил од продукцијата, но и снимање на песни што измеѓу другото му следува како фаворит од публиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAHIR MULALIĆ (@mahermulalic)

Тој неодамна се најде и во друштво на Лепа Брена, Александра Пријовиќ, Ацо Пејовиќ, Милица Тодоровиќ и многу други на прославата по повод продавањето на „Гранд“, а тоа му донесе и вистински неочекуван пресврт на социјалните мрежи.

Имено таа прослава и дружење со познатите му донесе и бројка од точно 100 илјади следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Инаку тој откри за медиумите и дека сакал да се откаже од шоуто во месец април, кога починала неговата мајка, но Марија Шерифовиќ која беше негов ментор не го дозволила тоа.

Коронавирус