среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Познати

Победниците на Евровизија на турнеја низ Европа- ќе собираат средства за Украина

Победниците на Евровизија на турнеја низ Европа- ќе собираат средства за Украина

Украинските победници на Евровизија 2022 изјавија дека ќе соберат пари за војската и добротворните организации на нивната земја преку турнеја низ Европа.

Оркестарот Калуш победи на „Песната на Евровизија 2022“ и ова е трета победа на Украина на ова престижно натпреварување.

Фронтменот Олег Псјук изјави дека бендот ќе објави на Инстаграм каде ќе се одржи турнејата.

Тој додаде дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија.

Да потсетиме, фронтменот на групата што победи, Олег Псјук, тргна директно во војна од ова музичко натпреварување, што се одржа во Торино.

Коронавирус