петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Познати

По војната помеѓу Карлеуша и Лукас, во домот на Јелена пристигна големо изненадување – овој подарок веднаш го сподели со фановите (ФОТО)

По војната помеѓу Карлеуша и Лукас, во домот на Јелена пристигна големо изненадување – овој подарок веднаш го сподели со фановите (ФОТО)

По целата војна која трае веќе неколку дена, вчера јавно Милица Павловиќ во емисијата „Амиџи шоу“ и се заблагодари на колешката Јелена Карлеуша која само таа јавно ја поддржа, па дури и се скара со Аца Лукас.

Имено откако се појави демо снимката која ја пее Ана Николиќ од песната „Проверено“ на Милица Павловиќ на естрадата буквално настана вистински хаос.

Едните ја поддржаа Милица која прва ја имаше објавено оваа песна, а три недели подоцна Ана Николиќ ја објави демо снимката од истата подржувајќи ја Аца Лукас.

По ова Карлеуша влезе во вистински конфликт со него и Николиќ, а драмата се уште трае…

Денес, Карлеуша на својот Инстаграм профил се пофали од голем букет со црвени ружи кои ги добила на домашна адреса од Павловиќ во знак на благодарност за нејзината поддршка.

Освен тоа Карлеуша ја додала и нејзината песна снимајќи го букетот со ружи.

Коронавирус