Светските медиуми, неодамна пишуваа дека Анџелина Џоли му рекла на посвоениот син Пакс дека Бред Пит никогаш не го сакал.
Ова наводна била причината Пакс значително да се одалечи од славниот татко Бред Пит. Втората страна тврди дека актерот ги негира ваквите пишувања.
Сепак, 15 годишниот Пакс со една објава на социјалните мрежи разјасни какви му се односите со Бред.
На својот Инстаграм профил тој објави фотографија од неговиот татко кога бил мал и на тој начин му го честитал 55 роденден.
Во честитката Пакс пишува дека многу го сака и едвај чека подоцна да го види.
Анџелина и Бред го посвоија Пакс од Виетнам во март 2007 година, две години откако се запознаа на сетот на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.