вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 90
home Познати

По трагедијата со Алек Болдвин, Милош Биковиќ откри што прави секогаш кога ќе добие оружје на снимање

По трагедијата со Алек Болдвин, Милош Биковиќ откри што прави секогаш кога ќе добие оружје на снимање

Случајот со Алек Болдвин ја потресе целата јавност. Холивудската ѕвезда случајно ја застрела директорка на фотографија Халина Хачинс. Инцидентот се случи за време на снимањето на филмот „Rust“ на ранчот Бонанца Крик јужно од градот Санта Фе. Откако Болдвин истрелал од реплика пиштолот, 42-годишната Хачинс со хеликоптер била пренесена во болница каде е констатирана смрт.

По овој немил настан со Болдвин, на прес-конференцијата за српскиот филм „Јужен ветар 2“ на актерот Милош Биковиќ му беше поставено прашање поврзано со безбедноста при користење на огнено оружје за време на снимањето на акциски филмови.

-Никогаш не се користи боева муниција на снимање, едноставно нема причина за такво нешто. Мене ме учеа секогаш кога ќе добијам каков било вид вооружување, секогаш сам да ја проверам и рамката и цевката и неколкупати да истрелам во празно како последен вид на мерка за безбедност. За жал такви трагедии се случуваат, вели шармантинот Биковиќ и додава:

„На едно снимање ни се случи таква несреќа. На човекот што го проверуваше оружјето за нас, пушката му го откина прстот, затоа што таа не беше подготвена. Да отидеше оружјето во рацете на некој друг, тоа би бил пропуст на оружарот, но ете му се случи нему“.

Биковиќ појаснува дека кога се снима, иако лажните куршуми во голема мера се разликуваат од вистинските, сепак постојат опасности, па затоа актерите никогаш не треба да вперуваат пиштол во жива мета, туку нештата малку се „лажираат“.

Коронавирус