среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Познати

По срамниот скандалозен потег на Кајмакоски српската естрада му сврти грб: Марш од Србија, ова момче треба да заврши во затвор!

По срамниот скандалозен потег на Кајмакоски српската естрада му сврти грб: Марш од Србија, ова момче треба да заврши во затвор!

Српската естрада веќе на големо два дена реагира на срамниот потег на Даниел Кајмакоски кој за време на снимањето на „Твоето лице звучи познато“ сакајќи да ги покаже лакираните нокти го покажа двоглавиот орел алудирајќи на Голема Албанија.

Фотографиите од Кајмакоски веднаш наидоа на остра критика во соседството, па немаше пејач и јавна личност во Србија која не го искоментира неговиот потег.

Пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез кој исто така се натпреварува во ова шоу како и Слаџа Делибашиќ му дадоа поддршка на Кајмакоски алудирајќи дека бил погрешно сфатен од јавноста.

Пејачката Драгана Радосавлевиќ Цакана вели дека нема поим кој е тој Даниел Кајмакоски, но ја осуди неговата постапка.

-Не знам кој е тој Даниел, но секако е срамно, вели таа додека познатиот српски денсер беше најбрутален во својата изјава.

-Веднаш да се исфрли од шоуто. До кога ќе ги толерираме овие проблематични личности од регионот кој доаѓаат во Србија да земаат пари од нашите граѓани. Дали ние сме сериозна држава која мора автоматски да го процесира ова однесување?, прашува тој.

Иван Гавриловиќ додава дека за Кајмакоски треба да следува затвор и автоматско исклучување од ТЛЗП.