вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Познати

По соопштението дека се разведуваат, огромна сума на пари “легна“ на сметката на Мелинда Гејтс

По соопштението дека се разведуваат, огромна сума на пари “легна“ на сметката на Мелинда Гејтс

Компанијата на Бил Гејтс префрли 1,8 милијарди долари во акции на неговата поранешна сопруга Мелинда, истиот ден кога парот објави дека се разведуваат по 27 години брак.

-Cascade Investment holding во понеделник префрли акции на име на Мелинда Гејтс, пишува New York Post.

Милјардерот Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда објавија дека се разведуваат по 27 години брак.

Тој додаде дека двајцата решиле да го прекинат бракот по многу размислување и работа на нивната врска.

-За 27 години воспитавме три деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на луѓето да живеат здрав, продуктивен живот. Ние продолжуваме да споделуваме верба во таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, се вели во објавата во која замолуваат за приватност.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија