среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

По смртта на Коби, старлетата се одлучи на чуден чекор

По смртта на Коби, старлетата се одлучи на чуден чекор

Амбер Роуз, тетовираната старлета позната по провокативните фотографии, ја шокираше јавноста со новата тетоважа на ЧЕЛО.

Амбер гордо го истетовирала прекарот на повозрасниот и името на помладиот син – „Баш“ за шестгодишниот Себастијан и „Слеш“ за истоимениот син – стар само три месеци.

Старлетата (36) на Инстаграм објави дека многу фанови и напишале пораки дека се „унаказила“, бидејќи е премногу убава за да стави тетоважа на лицето.

-Морам да бидам искрена и не сакам да звучам банално, но по смртта на Коби Брајант, се посветив на мојот живот, рече Амбер истакнувајќи дека смртта на Коби не била единствената причина за тетоважата, но тој трагичен настан придонел за нејзината одлука.

„Размислив за татко ми, кој доби рак кога имаше 40 години и мина низ тежок период. Денес е добро, но тогаш можеше да умре. И јас имам 36 години… Ја сакав оваа тетоважа толку долго… Животот е краток, па само направете го тоа. Само живејте го животот најдобро што можете и немојте да се каете. Па, така се чувствував и мило ми е што ја направив“, изјавила Амбер.

Најнови вести