понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 143
home Познати

По секс-скандалот, нови и сериозни обвиненија против Кевин Спејси

Според информациите на весникот, 51-годишниот Ерл Блу, кој е на чело на компанијата VIP Protective Services, бил вработен за време на снимањето на првата сезона на “Куќа од карти”. Тој рече дека на сетот Спејси одбил да комуницира со црнците вработени на фирмата и упатувал навредливи пораки на нивна адреса
По секс-скандалот, нови и сериозни обвиненија против Кевин Спејси

Раководител на безбедносна компанија во САД го обвини холивудскиот актер Кевин Спејси за расизам и рече дека тој одбил да подаде рака на црнците вработени на сетот на “Куќа од карти”, соопшти британскиот весник “Дејли мејл”.

Според информациите на весникот, 51-годишниот Ерл Блу, кој е на чело на компанијата VIP Protective Services, бил вработен за време на снимањето на првата сезона на “Куќа од карти”. Тој рече дека на сетот Спејси одбил да комуницира со црнците вработени на фирмата и упатувал навредливи пораки на нивна адреса.

Според Блу, вработените на компанијата за заштита кога требало да се гледа трејлерот на “Куќа од од карти”, Спејси рекол дека не сака со нив да го гледа во приколката, додавајќи уште навредливи изрази. Потоа продуцентите на серијата не го продолжиле договорот со оваа фирма за обезбедување.

Околу Кевин Спејси веќе има скандаал за тоа што околу 15 лица го обвинија за сексуално малтретирање. Скандалот започна со обвинението на ѕвездата од серијата “Ѕвездени патеки” Ентони Рап, кој рече дека кога бил 14-годишен Спејси се обидел да го заведе. Спејси рече дека не се сеќава на таков инцидент, но му се извинил на Рап.