понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 4
home Познати

По разводот на Бред Пит, се разведува и Џенифер Анистон: Ќе се вратат ли на старата љубов?

Глумците се верија во август 2012., а се венчаа во август 2015 година. Тие немаат деца, и како што велат и натаму ќе го задржат меѓусебното почитување и ќе останат во добри пријателски односи.
По разводот на Бред Пит, се разведува и Џенифер Анистон: Ќе се вратат ли на старата љубов?

Актерите Џенифер Анистон и Џастин Теру се разделуваат по две и пол години брак.

– Одлуката е взаемна и постигната со многу љубов кон крајот на минатата година… Ние сме двајца прекрасни пријатели, кои решија да се разделат како двојка, но сакаме да го продолжиме своето пријателство, се вели во заедничкото соопштение на Анистон и Теру.

Џенифер Анистон се прослави со улогата на Рејчел во хит хумористичната серија „Пријатели” и со настапит во бројни други романтични комедии. Џастин Теру настапи во филмовите „Пороците на Мајами”, „Мулхоланд Драјв”, како и во серијата „Престанати”.

Глумците се верија во август 2012., а се венчаа во август 2015 година. Тие немаат деца, и како што велат и натаму ќе го задржат меѓусебното почитување и ќе останат во добри пријателски односи.

Сево ова се случува неколку месеци по разводот на поранешниот сопруг на Анистон, Бред Пит со Анџелина Џоли.

Таблоидите на големо пишуваат дека е можно враќање на старата љубов меѓу Бред Пит и Џенифер Анистон, кои беа заедно пред актерот да ја изневери и остави поради Анџелина Џоли.

Најнови вести

Коронавирус