недела, 20. септември 2020. Вести денес: 70
home Познати

По прележаната зараза со корона вирусот, Чуктераш завршила во Ургентен центар

По прележаната зараза со корона вирусот, Чуктераш завршила во Ургентен центар

Славица Чуктераш до неодамна се бореше со коронавирусот. По три недели борба конечно добила негативни резултати на Ковид-19.

Но, пеачката повторно се соочила со здравствени проблеми. Добила температура и почнала да се чувствува омалаксано и измачено.

По заразата со корона вирусот, Славица добила тешко воспалени на грлото.

-Кога ми стигнаа резултатите, се испостави дека имам гнојна ангина. Веднаш ми препишаа антибиотици, а бидејќи температурата растеше, не смеев да ризикувам па отидов во Ургентниот центар. Лекарите се исплашија дека имам корона вирус, иако им посочив дека сум негативна,  а на резултатите од вчера се покажа дека имам антитела, истакнала таа.

Морала повторно да оди во Ковид болницата.

-Таму установија дека се работи за гнојна ангина и ми рекоа да земам уште антибиотици, но секако денес повторно ќе одам на лекар, па ќе видиме. Силна сум јас. Кога ја преживеав короната, ќе преживеам сѐ, заклучила пеачката.

 

Најнови вести

Коронавирус