четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Познати

По контроверзниот филм кој го вознемири светот, се огласи и ќерката на Мајкл Џексон

По контроверзниот филм кој го вознемири светот, се огласи и ќерката на Мајкл Џексон

Откако овие денови молчеше за контроверзниот документарец на кој нејзиниот татко е обвинет за педофилија, Париз Џексон откри што мисли за тоа на Твитер.

Еден од нејзините следбеници прокоментирал дека “тие сакаат да го уништат името на Џексон и да престане да се слуша неговата музика“, на што Париз брзо му одговори.

„Да, тоа го прават со секој кој имал добро срце и се обидел нешто да смени, но зарем навистина мислиш дека ќе успеат да го уништат неговото име? Зарем навистина мислиш дека имаат шанси? Опушти се и биди спокоен“ – напишала таа.

„HBO” неодамна објави дводелен документарец во кои Вејд Робсон и Џејмс Сејфчек го обвинија покојниот пејач за сексуално злоставување во период од седум години, и тоа додека имале четири, односно седум години.

Семејството на Џексон жестоко возврати на филмот, нарекувајќи го “јавен линч“ и најави тужба против „HBO” и учесниците во документарецот.