четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 6
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Познати

По Ким Кардашијан, Канје Вест ќе биде гостин во Белата куќа

По Ким Кардашијан, Канје Вест ќе биде гостин во Белата куќа

Раперот Канје Вест е поканет во Белата куќа, соопшти портпаролката на претседателската резиденција, Сара Хакаби Сандерс, додавајќи дека е предвидено музичарот да има средба со претседателот Доналд Трамп и со неговиот зет Џеред Кушнер.

Разговорите ќе се фокусираат на реформите во затворската политика, намалување на насилството и на криминалните банди, особено во Чикаго, каде што раперот и пораснал.

Неодамна Трамп го пофали Вест, кој во една ТВ емисија се појави со капче со натпис „Да ја направиме Америка повторно голема” – слоганот на Трамп во претседателската кампања.(МИА)

Парламентарни избори 2020