Откако медиумите објавија дека пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ ја прекинала врската со новото момче Богдан Срејовиќ многумина се заинтересираа дали тоа е навистина така.
Парот иако долго време не се огласуваше, овој пат Богдан сподели фотографија на својот Инстаграм профил заедно со личноста која му го одзеде срцето уште пред Цеца.
Станува збор за неговата ќерка Искра која ја има со сегашната девојка на Саша Ковачевиќ, Зорана Тасовац.
-Мојот ангел, напиша Богдан под фотографијата со ќеркичката.