понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 94
home Познати

По долго молчење се огласи сопругата на Шумахер и испрати мистериозна порака

По долго молчење се огласи сопругата на Шумахер и испрати мистериозна порака

В недела ќе навршат точно шест години од тешката несреќа која на скијањето во Франција ја имаше германскиот возач на Формула 1, Михаел Шумахер (50), после што заврши во кома.

Оттогаш, Михаел Шумахер не се појави во јавноста, а семејството за неговата тешка здравствена состојба пушта ретки и генерички реченици во јавноста, објаснувајќи го тоа со желба за приватност. Но, сега се случи преседан.

Сега, сопругата на Шумахер, Корина, на изненадување на сите се огласи во јавноста со порака на една од социјалните мрежи, во групите кои, со хаштагот #KeepFightingMichae, се сè побројни како што се ближи шестата годишнина.

„Големите работи почнуваат со мали чекори. Мали парчиња кои можат да состават голем мозаик“, напишала Корина.

Инаку, „KeepFighting“ е и името на семејната организација на Шумахер која помага на медицинските истражувања кои се поврзани со мозокот.

Исто така челникот на клубот на Михаел Шумахер, Рајнер Ферлинг изјавил дека наскоро се надева дека ќе го видиме Михаел во јавноста.

„Сите знаеме дека е во добри раце. Може само да биде среќен што има толку силно семејство. Ние како фан клуб ќе направиме многу работи за да помогнеме колку што можеме“, истакнал тој.

Најнови вести

Коронавирус