понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 86
home Познати

По 15 години: Џони Деп исфрлен од „Пиратите од Карибите“

По 15 години: Џони Деп исфрлен од „Пиратите од Карибите“

Џони Деп ја завршил кариерата како пиратот Џек Спероу.

Тој беше главната ѕвезда на „Пирати од Карибите“ во последните 15 години, снимајќи пет филма за тој период, но ќе ја загуби оваа улога, бидејќи студиото „Дизни“ има нови планови за франшизата.

Веста прво беше објавена од оригиналниот сценарист на „Пиратите“, Стјуарт Бити, кој кажа дека „Дизни“ ќе му даде отказ на Деп, бидејќи планира да ја преработи целата франшиза, за што се ангажирани сценаристите на „Дедпул“. Последниот филм од серијалот, „Мртовец не кажува приказни“, кој излезе минатата година, оствари најслаб успех на кино благајните.

-Деп заврши одлична работа со овој лик и го направи свој. Може да се каже дека тоа е неговата најславна улога досега и деца низ цел свет го сакаат како Џек Спероу. Тој ќе биде неговото наследство. Претходно, тој беше познат како независен актер од филмовите на Тим Бартон, но не беше голема филмска ѕвезда, изјави Бити.

Почнувајќи од 2003 година, франшизата „Пирати од Карибите“ заработи вкупно четири милијарди долари.

Најнови вести

Коронавирус