четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Познати

Планот веќе се знае со години: Кралското семејство во секој момент е подготвено за смрт на некој член, еве што следува во следните денови

Планот веќе се знае со години: Кралското семејство во секој момент е подготвено за смрт на некој член, еве што следува во следните денови

Денеска на 99-годишна возраст почина принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета.

По неговата смрт, медиумите пишуваат за протокол, според кој веќе може да се предвиди развојот на настаните.

Како и за кралицата Елизабета, постои план. Познат е како операција „Форт бриџ“ и детално го опишува редоследот на настани.

„Форт бриџ“ е името на мостот што го поврзува Единбург со Перт. Отворен е во 1964 година.

Велика Британија веднаш ќе влезе во период на национална жалост, во кој, меѓу другото, сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје, а ТВ-презентерите ќе мора да носат црно. Членовите на парламентот ќе носат црни ленти на ракавите.

Официјалното време на жалост на кралицата најверојатно ќе трае осум дена, а во тој период сите државни работи ќе бидат запрени.

Постои можност овој период да се продолжи на 30 дена, по што кралицата се очекува да се врати на своите редовни должности. Кружат информации дека принцот Филип не сакал голем погреб, туку едноставен.

Погребот најверојатно ќе се одржи во капелата Сент Џорџ кај замокот Виндзор. Тој ќе биде погребан во градините Фрогмор, а на јавноста нема да и биде допуштено да го види телото.

A notice is attached to the fence of Buckingham Palace after it was announced that Britain’s Prince Philip, husband of Queen Elizabeth, has died at the age of 99, in London, Britain, April 9, 2021. REUTERS/Hannah McKay

Според линијата на британски престолонаследници, принцот Чарлс е прв во редот за тронот, а по него следува принцот Вилијам, а потоа и неговите три деца Џорџ, Шарлот и Луис.

Најнови вести

Коронавирус