петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 119
home Познати

Петто дете на пат: Славната актерка е бремена во 55. година

Петто дете на пат: Славната актерка е бремена во 55. година

Данската манекенка и актерка, Бриџит Нилсон по петти пат ќе стане мајка.

55-годишната актерка, најпозната по улогите во филмовите „Ред Соња“ и „Роки 4“ објави на својот Инстаграм порифл дека таа и нејзиниот сопруг Матија Деси наскоро ќе добијат дете.

 

family getting larger ❤ #me #family #brigittenielsen #babybump

A post shared by Brigitte Nielsen (@realbrigittenielsen) on

-Семејството се проширува, напиша Бриџит на фотографијата на која го покажува својот стомак.

Русокосата која го освојуваше модниот свет во средината на 80-те години со Матија е во брак од 2006.

Таа зад себе има четири брака, меѓу другото и со познатиот актер Силвестер Сталоне кого го запозна на снимањето на филмот „Кобра“ во 1986. година. Таа има четири сина, кои веќе се возрасни.

Нелсон е позната по својот турбулентен живот, како проблеми со алкохолот, но и афера со Арнолд Шварценегер.

Некогашниот топ модел во 2007. година учествуваше во реалити програмата Селебрити Рихаб, во кој познатите јавно на телевизија се обидуваат да се ослободат од својата зависност.

Коронавирус