среда, 28. јули 2021. Вести денес: 138
home Познати

Петарда ѝ пукнала на градите на Милица Тодоровиќ

Петарда ѝ пукнала на градите на Милица Тодоровиќ

Популарната српска пејачка Милица Тодоровиќ признава дека има фобија од пиротехника затоа што неколку пати имала непријатни искуства.

-На еден настап со Ѕвездите на Гранд во Црна Гора немаше ограда меѓу публиката и бината. Обожавателите почнаа да фрлаат петарди. Една ми пукна на градите, а друга на ногата, па цела вечер чувствував трпки. Доживеав страшен шок, цела вечер ми беше многу лошо, раскажа пејачката и додаде:

„На една прослава имаше голем огномет, кој заврши на мојата глава. Ова ја прелеа чашата и од тогаш бегам од секакви прскалки. Едноставно, добив фобија од пиротехника. Не можам постојано да се потресувам и да бегам како да сум луда, но што да правам, работата ми е таква“.

Коронавирус