среда, 25. мај 2022. Вести денес: 149
home Познати

Пет пати запросува жена: Марк Ентони доби „ДА“ од 30 години помладата манекенка

Пет пати запросува жена: Марк Ентони доби „ДА“ од 30 години помладата манекенка

Пејачот Марк Ентони ја запроси својата девојка, манекенката Надја Фереира. 23-годишната манекенка ја потврди среќната вест.

„Прослава на свршувачката“, напиша Надја покрај фотографијата на една приказна на Инстаграм каде таа и 53-годишниот Ентони се држат за рака.

Ентони беше свршен четирипати пред да ја запроси манекенката. Тој првиот пат ја запроси актерката Клодет Лали, но раскинаа уште пред да се одржи венчавката. Потоа се оженил со Дајанара Торес во 2000 година и нивниот брак траел четири години.

Подоцна се ожени со Џенифер Лопез и беше во брак со неа десет години. Тие се родители на близнаците Ема и Максимилијан. Покрај нив, Ентони има уште четири деца.

Откако се разведе од Џенифер, пејачот се ожени со манекенката Шенон Де Лима од која се разведе три години подоцна.

Најнови вести

Коронавирус