Актерката Меријам Узерли, позната по улогата на Хурем во серијата „Величествениот“, се породи изминатиот Петок и на светот повторно донесе девојче.
Прекрасната актерка ги сподели среќните вести со нејзините фанови на Инстаграм, а бројните честитките не изостанаа.
„Пресреќни сме што пристигна во нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи.“ – напиша актерката.
Таа по речиси само пет дена од породувањето повторно е во центарот на вниманието, а овој пат поради тоа што сподели со фановите како изгледа навистина нејзината ќерка.