среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 176
home Познати

Песна на Тамара Тодевска направи хаос во Задруга

Песна на Тамара Тодевска направи хаос во Задруга

Песната на Тамара Тодевска која ја изведува со групата „187“, а насловена како „Секс“ предизвика вистински хаос и бура реакции во реалното шоу Задруга.

Имено, викендов во рамки на шоуто беше организирана таканаречена „Задруговизија“ на која учесниците се претставуваат како на музичко-талент шоу.

Пејачката Сандра Решиќ и Јована Томиќ – Матора, двете учеснички во реалното шоу, одлучија да ја изведат токму оваа песна. Нивниот настап заврши со страствен бакнеж на сцената кој никој не го очекуваше.

Ваквиот потег на учесничките предизвика бура реакции меѓу останатите кои се дел од реалното шоу, коментирајќи дека бакнежот не е спорен како дел од сценски настап, но сметаат дека бил претерано страствен, па дури и вулгарен. Дел од коментарите се однесуваа и дали Сандра која е фолк пејачка требала да си дозволи ваков потег, на што пејачката реплицирала дека идејата и била да направи нешто што никој не очекувал од неа.

Учесниците во расправата ја пофалија Тамара дека е една од пејачките со најдобар вокал и потсетија дека била евровизиски претставник.

Најнови вести

Локални избори 2021