понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 62
home Познати

Пере од „Нокаут“ чека трето дете – го откри и полот на бебето

Пере од „Нокаут“ чека трето дете – го откри и полот на бебето

Фронтменот на македонскатата група „Нокаут“, која долги години опстојува на музичката сцена, Никола Перевски-Пере очекува трето дете заедно со неговата втора сопруга Јована.

Пере од претходниот брак со новинарката Александра ги има двете ќерки Михаела и Каја. Тој во интервју за „Женски магазин“ откри дека и третото дете ќе биде девојче.

– Во стиховите на темата „Сакам да живеам“ се содржани последните неколку години од мојот живот. Секој збор во нив има симболика и отсликува реални сцени од мојот живот. „Птицата во мрак“ е љубовта која слета на мојот праг во вистинскиот момент. Таа се вика Јована. Со неа почнувам нов живот со заеднички победи. Таа е љубовта која ми ја дава најголемата поддршка во работата. Наскоро ќе станеме родители на девојче. По трет пат ќе станам татко на ќерка. Иако веќе имам две ќерки од првиот брак, повторно ја чувствувам истата трема и возбуда. Веќе сум искусен татко, постарата ќерка Михаела има 21 година, а помалата Каја, 13 години. Пресреќен сум и возбуден. Ги гледам како растат двете. Уживам во креирањето заеднички планови, во кои секако се вклучени и тие. Најголем дел од летото го поминавме во Охрид. Паралелно работам и на новиот албум. Оваа 2020 година, иако на многу полиња беше тешка, на приватен план е една од најубавите во мојот живот – открива Пере.

Најнови вести

Коронавирус