среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Пенелопе Круз во борба против коронавирусот, донираше медицинска опрема (ФОТО)

Пенелопе Круз во борба против коронавирусот, донираше медицинска опрема (ФОТО)

Шпанската актерка Пенелопе Круз и нејзиниот сопруг, актерот Хавиер Бардем, им се придружија на многуте славни личности вклучени во помошта во борбата против коронавирусот.

Актерката сподели фотографија на својот инстаграм-профил и ги извести сите дека таа и нејзиниот сопруг успеале да купат медицинска опрема за болниците и на тој начин да помогнат во борбата против коронавирусот.

„По многу денови поминати во пронаоѓање, купување и донирање на медицинска опрема која во моментов е најпотребна, Хавиер и јас конечно успеавме. Благодарение на логистичката помош на компанијата Индитекс, успеавме да набавиме 100.000 нитрилни ракавици и 20.000 маски од типот FFP2, кои пристигнаа во болницата Ла Паз во Мадрид. Се надеваме дека наскоро ќе можеме да донираме и други материјали што се толку неопходни во оваа криза. Им се заблагодаруваме на хероите кои го ризикуваат сопственото здравје заради грижата и заздравувањето на сите нас.

 

View this post on Instagram

 

After days of searching for a way to locate medical supplies that are urgently needed in these difficult times so that we could buy them and donate them to hospitals, Javier and I finally found a source. Thanks to the logistic help of Indetex, we have been able to buy 100.000 Nitrilo gloves and 20.000 surgical FFP2 masks ,which arrived today in La Paz hospital In Madrid. Even with the enormous difficulties that obtaining these essential sanitary materials and getting them to their destination present, we are hoping to be able to donate more supplies, so essential in these critical times, in the coming days. Our gratitude goes out to all the anonymous heroes and heroines who risk their own health to help cure and maintain the health of us all. Thank you!!! ?❤️

A post shared by Penélope Cruz (@penelopecruzoficial) on

Коронавирус