четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 47
home Познати

Пенелопе како вистинска заводничка, Хавиер во патики: Заљубениот пар блесна на црвениот килим (ФОТО)

„Loving Pablo“ е контроверзна романса базирана на вистински настани, која ја раскажува аферата помеѓу оженетиот нарко бос Пабло Ескобар и новинарката Вирџинија Ваљехо.
Пенелопе како вистинска заводничка, Хавиер во патики: Заљубениот пар блесна на црвениот килим (ФОТО)

Тие се вљубија на снимањето на култниот филм „Vicky Cristina Barcelona“. Пенелопе Круз (43) и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем (49), десет години подоцна изгледаат подеднакво заљубено.

Парот блесна на премиерата на филмот „Loving Pablo“ во Мадрид.

За оваа пригода Пенелопе облече светкав фустан со впечатлив крој, а Хавиер се појави во одело, кое го искомбинира со патики. Патики ретко гледаме на црвениот тепих, па ова беше интересен потег.

Пенелопе откри дека снимањето на филмот со нејзиниот сопруг било вистински предизвик затоа што станувало збор за глумење на тешки ликови и сцени со многу голем психолошки и емоционален терор.

„Loving Pablo“ е контроверзна романса базирана на вистински настани, која ја раскажува аферата помеѓу оженетиот нарко бос Пабло Ескобар и новинарката Вирџинија Ваљехо.

Како изгледаа Пенелопе и Хавиер на шпанската премиера:

 

 

Коронавирус