вторник, 21. август 2018. Вести денес: 96
home Познати

Пејачот со денови е врзан за болничкиот кревет- откако семејството на Синан сакало насилно да го изнесе се соочило со пекол

Пејачот со денови е врзан за болничкиот кревет- откако семејството на Синан сакало насилно да го изнесе се соочило со пекол

Семејството на познатиот пејач Синан Сакиќ овие денови преживува вистинска драма откако во белградската болница се соочиле со пекол.

Станува збор за сопругата и синовите на Синан кој тврдат дека условите во болницата во која престојува пејачот се ужасни.

-Имам снимки ќе ви ги дадам, ги врзуваат за кревет… Сега сите лежат врзани. Вчера една баба умре додека бараше вода. Синан е мртов болен, понекогаш и дезориентиран и денеска плаче по бабата на која никој не и помогна. Имаме снимка како бара помош и како дрско и се обраќаат. Јас дојдов за мојот сопруг, а тоа што го видов беше ужасно, вели Сабина.

Таа додава дека нејзиниот сопруг во болницата го однеле здрав, сега сите ги врзуваат за кревет.

-Бевме на одделението каде се врши трансплантација, му земаа крв и му рекоа дека за две до три недели ќе започне операцијата. Од тој ден попладнето тој доби температура, започна да му откажува стентот, а докторите се обидоа да му помогнат. Тој потоа беше добар и требаше да започнат подготовките за операцијата. Потоа започна вистински пекол, пејачот не е искапен со денови, а него го немам видено 18 дена, објаснува Сабина.

По ова синовите на Синан дошле во болницата за да го земат нивниот татко кој бил врзан за креветот, но откако докторите не им дозволиле интервенирала и полицијата и го уапсила еден од синовите.