среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 23
home Познати

Пејачот се моли за здравјето на сопругата: Марко загрижен за Марија, а има и друг голем проблем

Пејачот се моли за здравјето на сопругата: Марко загрижен за Марија, а има и друг голем проблем

Пејачот Марко Булат вели дека секој ден се моли на Бога да оздрави неговата сопруга Марија.

Сопругата на фолкерот наводно веќе некое време не се чувствува добро, па тој е загрижен за нејзиното здравје.

-Здравјето на Марија е лошо. Му се молам на Бога за нејзиното здравје и сигурен сум дека ќе одговори на моите молитви. Нејзината крвна слика е лоша, но ние се бориме да ја поправиме и не се откажуваме, вели Булат, кој не сакаше подетално да зборува за здравствените проблеми на Марија.

Освен што сопругата е болна, Марко има и финансиски проблеми, со оглед на фактот што не работи. Поради целата ситуација со пандемијата на коронавирус, пејачот долго време немаше тезги и настапи.

-Немам настапи, се е откажано. Ама што да правам, се снаоѓам како знам и умеам, рече тој.

Коронавирус