сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 10
home Познати

Пејачот раскажа низ каква трагедија минал како дете: Татко му на Бојан Маровиќ се самоубил, јадел бајат леб…

Пејачот раскажа низ каква трагедија минал како дете: Татко му на Бојан Маровиќ се самоубил, јадел бајат леб…

Пејачот Бојан Маровиќ презентираше непознати детали од неговиот приватен живот. Таткото на пејачот, некогашен боксерски шампион и југословенски репрезентативец извршил самоубиство кога тој имал 16 години, а сега Бојан јавно си ја отвори душата за таа трагична и болна случка, како и за целата своја кариера.

„Татко ми се самоуби. Тоа беше момент, не беше планирано. Но, знам дека не сакаше, тоа беше само момент на слабост. Сите ги имаме, кога ти се гади од се’. Кога го закопувавме и го спуштавме во земја, тогаш половина од мене замина со него. Никогаш не се опоравив од тоа. Лага е дека времето ги лекува раните. Не лечи, само ги става, таму некаде. Многупати доаѓав на неговиот гроб и зборував за тоа што ме мачи. Отпрвин се прашував зошто и како дошло до тоа што си го одзеде животот, но како што минуваат годините сфаќаш дека така морало да биде. Некој би го обвинил Бога, но тој нема врска со тоа, тоа е само твоја одлука. Немаше ништо што укажува на тоа дека тој може да крене рака на себе. Кога тоа се случи, беше како гром од ведро небо, а само замислете како боли после тоа. Бев малку лут некое време, бидејќи мислев дека требаше да биде со мене, но му простив се“ – ја отвори душата пејачот за најболното нешто што го доживеал во животот.

Маровиќ откри и дека плачел кога победил на фестивалот „Сончеви скали“, бидејќи татко му не бил таму да го слушне, а потоа раскажал како изгледале неговите музички почетоци и преселбата во Белград во емисијата „Преживеани“ на К1.

„Дојдов во Белград во 2003 година, имав договор со продукциска куќа. Постерот ми беше на сите можни трговски центри, ме продаваа на улица, јас бев најбараниот изведувач, а немав динар во мојот џеб. Се сеќавам, се враќам од настап, ми велат утре ќе ти дадеме пари кои никогаш не ги добивам. Доцнев да платам кирија, многупати подгревав бајат леб во микробрановата печка. Се сеќавам дека имав околу 40 настапи за три месеци, еден по друг и на крајот јадев остатоци од туѓи сендвичи“ – рече Бојан и продолжи:

„Се будам наутро и немам со што да купам појадок. Потоа излегувам на улица и луѓето се сликаат со мене, а вие само се молите на Бога да не сретнете некој што треба да го поканите на кафе, затоа што немаш со што тоа кафе да го платиш. Денес не се срамам од тоа, бидејќи тоа е трн што мораше да ми ја чеша кожата и сфатив дека музиката треба да прокрвари. Дури после 20 години решив да ја кажам вистината, бидејќи на сцената не може да се молчи. Отсекогаш сум бил поразличен од естрадата и затоа не сум за шоубизнис. Сакав само да бидам обичен тип од околината и денес така се однесувам. Никогаш не копнеев по скапи станови, автомобили, но сакав да имам пари за инвестирање, никогаш не се фалев со музиката, затоа што бев така воспитан. На почетокот не сакав седам во кафулиња, не излегував по градот, носев книги на настапи, тоа ме одржуваше буден и трезен, а не естрадни приказни. Тоа ме чинеше на крајот и затоа толку пати менаџерите ме ограбија“.

Бојан откри дека никој не верувал во неговиот успех, па дури и од фестивалот „Сончеви скали“ му порачале дека песната му е глупава.

„Прво ме одбија за фестивалот, рекоа дека песната е многу глупава. Меѓутоа, 10 дена пред фестивалот повторно ми се јавија и ми рекоа дека сум поминал. Мајка ми ме однесе на пазар кај еден лик што продаваше шверцувана италијанска гардероба и јас се облеков таму. Само ѝ реков: „Ако луѓето се потсмеваат со тоа што ми го купи, навистина ќе се отселам од Подгорица од срам.“

Отпрвин не ни сакав да одам, а на крајот одлучив да тргнам во последен момент. Се качив во автобус со само 15 евра во џеб и отидов во Херцег Нови. Секако дека таму ме пречекаа како класично детиште, немаа ниту соба за мене до последно минута. Сепак, уште на пробата, знаев дека ќе победам и така и беше- изјави пејачот во емисијата „Преживеани“.

Коронавирус