петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Познати

Пејачот кој беше хит во Македонија осуден на 30 години затвор! С*ксуално злоупотребувал девојчиња и жени, ги терал на полов однос во автомобил полн со негови пријатели

Пејачот кој беше хит во Македонија осуден на 30 години затвор! С*ксуално злоупотребувал девојчиња и жени, ги терал на полов однос во автомобил полн со негови пријатели

Американскиот ар-ен-би пејач Р. Кели е осуден на 30 години затвор за сексуално насилство. Пресудата ја донесе окружната судијка Ен Донели пред Федералниот суд во општината Бруклин во Њујорк, САД.

Овој 55-годишен музичар лани во септември, по пет и пол седмици судење, беше прогласен за виновен. Добитникот на „Греми“ за хитот „I Believe I Can Fly“ го следат контроверзии од првите години од ова илјадалетие.

Тој беше една од најистакнатите познати личности „на тапет“ на движењето против сексуално недолично однесување – „#МеТоо“. Кели e прогласен за виновeн за водење на организација за заведување жени и малолетни девојчиња и момчиња за секс, кој траеше со децении.

Р Кели беше формално обвинет во 2019 година и оттогаш го помина поголемиот дел од своето време во притвор, чекајќи формална пресуда, со единаесет лица кои сведочеа во неговиот случај; девет жени и двајца мажи кои го опишаа своето искуство. Во текот на 2019 година против него беа поднесени нови пријави и беше уапсен за сексуални престапи, трговија со луѓе, детска порнографија, рекетирање, киднапирање …

Пред да биде изречена пресудата во средата, зборуваа некои од жртвите на Кели. Меѓу нив особено шокантна била исповедта на неименувана личност, која директно му се обратила на Кели додека тој молчел. Таа му рекла: “Ти ме натера да правам работи кои ми го скршија духот. Буквално сакав да умрам колку ниско паднав поради тебе. Се сеќаваш ли на тоа?”. Кели не одговараше.

Жртвите опишале како Кели ги подложувал на перверзни и садистички каприци кога биле малолетни. Неколку од нив рекле дека пејачот барал строго да ги почитуваат неговите правила и дека им е потребна негова дозвола за да јадат и да одат во тоалет. „На денот на пресудата денес си ги враќаме имињата. Ние веќе не сме луѓе што сме жртви и негов плен, што некогаш бевме“, рече Ангела.

Претходно, една жртва се присети на инцидент кога била принудена да изврши орален секс со музичката ѕвезда во автомобил полн со негови пријатели. „Се сеќаваш ли на тоа?!“, рече таа, додавајќи: „Не ти беше грижа. Го избегнав твоето име и твоите песни и се гушив од страв. Тоа што го направи остави трајна дамка во мојот живот. Ти си насилник, бесрамен. Се надевам дека ќе одиш во затвор до крајот на животот. Те жалам.

Неговото целосно име е Роберт Силвестер Кели, роден е во јануари 1967 година во Чикаго, а во својата музичка кариера остави голем белег во „R&B“ музиката и хип-хопот. Веројатно е најпознат по песната „Јас верувам дека можам да летам“, за која освои три Греми во 1998 година.

Продал повеќе од 75 милиони плочи и бил најуспешен во жанрот „R&B“ во текот на деведесеттите, по што се појавиле страшни обвинувања против него. Во 2002 година беше обвинет за складирање детска порнографија, но во 2008 година беше ослободен од сите обвиненија.

Коронавирус