сабота, 28. март 2020. Вести денес: 105
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Пејачката објави фотографија со труднички стомак: Фановите паднаа во транс од глетката (ФОТО)

Пејачката објави фотографија со труднички стомак: Фановите паднаа во транс од глетката (ФОТО)

Кога познатите дами ќе објават фотографија со труднички стомак, фановите веднаш полудуваат.

Истото се случило и откако Деми Ловато објавила фотографија на која позира со раката држејќи се за стомак. Облечена во фустан со точки, нашминкана и со фризура, Ловато изгледа одлично, но повеќето нејзини следбеници останале збунети од стомачето на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

Real or fake? 🤰🏻😝 #WillandGrace #MeetJenny

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on

За ширење на гласините придонела и самата пејачка која во описот на фотографијата напишала „Вистински или лажен?”, а ги додaла и таговите „Will And Grace” и „Meet Jenny”, но во хит серијата која таа ја споменала, таков лик досега не се појавувал. Затоа, фановите сметаат дека Џени за првпат ќе ја толкува токму Ловато.

„Ова е дефинитивно вистински труднички стомак”, бил уверен еден обожавател, додека другите ѝ порачале дека е „преслатка трудница”.

 

View this post on Instagram

 

My ❤️…

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on

Деми неодамна потврди дека е повторно заљубена со романтичната фотографија со манекенот Остин Вилсон, а дали парот навистина чека дете, останува да видиме во наредните неколку месеци.