недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Познати

Пејачката не може да ја преболи смртта на мајка си: Имаше Алцхајмерова болест, а вака Неда некогаш збореше за неа

Тешката и болна одлука ја донесов после пожарот во кој за малку ќе изгореше целиот стан, а и ќе изгореше и таа додека јас бев на концерт надвор од Белград. Повеќе не ме познава, па на секоја посета плачам, но среќна сум дека за неа се грижат луѓе кои се квалификувани за таа врста на болест.
Пејачката не може да ја преболи смртта на мајка си: Имаше Алцхајмерова болест, а вака Неда некогаш збореше за неа

Неда Украден вчера на социјалните мрежи напиша емотивна порака за својата покојна мајка Анџелина.

Вака пејачката некогаш зборуваше за мајката која поради Алцхајмеровата болест мораше да ја смести во дом.

– Кога станува збор за мојата мајка, цел живот бев врзана за неа и цело време живееше со мене, но за жал заболе од Алцхајмерова болест. Иако беше тешко болна, сепак минатата година и го прославив нејзиниот 91. роденден. Нормално дека мене ми беше најтешко да донесам одлука за нејзиното институционално лекување. Никој не би бил посреќен од мене ако мајка ми беше со мене и ги гледаше нејзините внуци како растат. Нејзината соба се уште ја чека и се е исто како да е со нас. За жал, нејзината психа како и потреба за секојдневна нега ме натера да побарам стручна помош во установа која за тоа е многу поквалификувана од мене, рекла тогаш Неда.

– Не знаев како да се носам со таков болен човек и беше опасност за себе и за другите, се плашев да не направи нешто за што подоцна ќе жали. Тешката и болна одлука ја донесов после пожарот во кој за малку ќе изгореше целиот стан, а и ќе изгореше и таа додека јас бев на концерт надвор од Белград. Повеќе не ме познава, па на секоја посета плачам, но среќна сум дека за неа се грижат луѓе кои се квалификувани за таа врста на болест. Но, нормално дека и ние редовно внимаваме и се грижиме ништо да не и недостасува. Барем ми е жива и релативно добро здрава, ако се земе во предвид нејзината дијагноза, зборувала некогаш пејачката.