четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 9
home Познати

Пејачката емотивно за раѓањето на внукот: Додека Мирко скокаше од радост, јас плачев и се тресев, а потоа на себе си реков само едно

Пејачката емотивно за раѓањето на внукот: Додека Мирко скокаше од радост, јас плачев и се тресев, а потоа на себе си реков само едно

Пејачката Гоца Божиновска призна како се чувствувала додека Мирко Шијан  и неговата партнерка Бојана Родиќ го добиле синот Зоран, а таа првиот свој внук.

Пејачката организираше прослава со својот син во дворот на вилата каде има и базен, а на забавата имаше и трубачи, бакли и жива музика која траеше до рано утрото. По прославата Божиновска откри како се чувствува.

-Плачев бидејќи не очекувавме да се породи сега. Требало да се породи кон крајот на месецот, дури и закажаа и царски рез, но кога отидоа на преглед се било готово. Малиот Шијан се брзаше да дојде на свет, кукла на баба. Плачев и кога пристигна постелнината на која пишуваше исто така Зоран, вели Божиновска.

Таа додава дека се и се што му купила на внукот, а потоа опиша како Мирко реагирал кога ја слушнал убавата вест.

-Се радуваше и скокаше по куќата, а јас го гледав и плачев од среќа, се тресев и треперев, но си реков себе дека морам да се смирам, додава таа.

Таа вели дека не се чувствува како класична баба и дека за својот внук секогаш ќе биде баба.

Најнови вести

Локални избори 2021