Милан Бабиќ, пејач на народна музика, ги освојувше срцата со својот раскошен вокал, обоен со душа и емоции.
Мал е бројот на пејачи кои избрале потежок и комплициран стил на изведби. Не сакал да ја уништува изворноста. Ги пееше автентично.
Милан Бабиќ, роден 1943-та година во близина на Чачак, километри пешачел за да стигне на училиште, кој како што раскажувал, времето го крател пеејќи народни песни.
Во Белград студирал Машински факултет, а потоа се придружил на КУД „Абрашевиќ“, каде што пеел и свирел на хармоника. Својот прв синг, песната „Опанчиќи шарени” ја снимил после победата во натпревар за аматери 1968 година.
Кратко време потоа, на едено ТВ гостување ја запознал докторката и пистелка Радмила Тодоровиќ. Му ја понудила песната „Баш ми се не да”, која и ја прифатил.
Песната станува голем хит, а воедно се раѓа силна љубовна приказна. Тогаш започнува и неговата голема популарност каде што се нижеле хитови.
Во 2006-та година ја губи љубовта на својот живот, сопругата Радмила. Три години подоцна и тој на 66 го напушта овој свет. Веста за неговата смрт беше загуба и тага за многумина.
Милан Бабиќ умира од инфаркт, во својот дом, во фотелја. Се раскажува дека починал од тага за сопругата која бескрајно ја сакал и која била негова најголема поддршка.
Од тешката депресија и тага го оттргнувале синот Бранко и ќерката Јована. Се случило онака како што и зборува нејзиниот стих, а тој честопати го потпевнувал „Кога би можел би умрел по тебе”.