недела, 5. декември 2021. Вести денес: 44
home Познати

ПАРИС ХИЛТОН СОСТАВИ ЛИСТА НА СВАДБЕНИ ПОДАРОЦИ Бара од гостите подароци во вредност од 50.000 евра (ФОТО)

ПАРИС ХИЛТОН СОСТАВИ ЛИСТА НА СВАДБЕНИ ПОДАРОЦИ Бара од гостите подароци во вредност од 50.000 евра (ФОТО)

Ријалити sвездата и богатата наследничка Парис Хилтон (40) наскоро ќе се омажи за претприемачот Картер Реум (40). Таа ги избра свадбените подароци што ќе ѝ ги подарат гостите во „Gearys Beverly Hills“, а странските медиуми се огласија за луксузните предмети кои се најдоа на нејзината листа на желби.

Парис Хилтон има огромно богатство, но се чини дека има уште некои работи кои би сакала да ги добие на подарок.

Хилтон од гостите бара многу кристални предмети за домаќинството, како и сребрена рамка за слика „Buccellati“ вредна повеќе од 2.600 евра.

Подароците ќе треба да го задоволат нејзиниот инстенчен вкус, па на листата се наоѓаат подароци вредни повеќе од 50.000 евра. Меѓу другото, на списокот има кристални предмети за домот, како и сребрена рамка за слика вредна повеќе од 2.600 евра, потоа скап свеќник во форма на светилка кој чини околу 1.000 евра, како и кристална фигура од мечка вредна повеќе од 300 евра.

Богатата наследничка сака да ја опреми својата кујна со послужавник од орев од 800 евра, кристален сталак за кавијар кој чини 850 евра, како и чаша за шампањ „Бакарат“ вредна дури 800 евра.

ФОТО: Gearys Beverly Hills

На нејзината листа се и осум „Ермес“нсетови за јадење „Mosaique Au 24 Platinium“, кои вкупно вредат повеќе од 6.000 евра, пренесува „Е! Онлајн“.

Да се потсетиме, Парис Хилтон и бизнисменот Кратер Реум се свршија во февруари по една година врска, а Реум ја запроси Парис на приватен остров давајќи ѝ скап дијамантски прстен со смарагд детали.

Парис во текот на гостувањето на „Вечерно шоу“ откри дека ќе носи дури 10 тоалети во текот на тридневната венчавка.

– Тоа ќе биде како тридневна афера. Имаме многу нешта испланирани – рекла Парис.

Коронавирус