петок, 4. декември 2020. Вести денес: 23
home Познати

Пари, џакузи и танга гаќи: Најголемите холивудски ѕвезди имаат бизарни барања

Пари, џакузи и танга гаќи: Најголемите холивудски ѕвезди имаат бизарни барања

Барањата, желбите и однесувањето на одредени холивудски ѕвезди може да бидат премногу чудни и бизарни, а некои одат и подалеку.

За овие ѕвезди многумина тврдат дека се најразгалени:

Анџелина Џоли

Во една прилика таа побарала од студиото каде Бред Пит снимал да му платат часови за летање, иако тоа немало никаква врска со улогата. Се договориле, а потоа, по бесплатната обука, Бред си купил спортски авион.

Џoрџ Клуни

За улогата во филмот „Gravity“, во кој се појавува вкупно 20 минути, Клуни побарал да му изградат монтажна викендица со приватен терен за кошарка. Тоа чинело 100.000 фунти, а го користел помалку од 10 дена.

Парис Хилтон

За една ситна улога, Парис побарала готвач и аквариум со живи јастози, кои готвачот требало да ги подготви ако во текот на снимањето богаташката реши дека е гладна.

Брус Вилис

Холивудскиот актер барал по еден милион долари на ден, за снимање продолжение на филм. Требало да снима четири дена. Студиото го одбило овој предлог.

Том Круз

Тој кога снима акциони сцени, носи рачно шиени танга гаќи. Имајте го на ум ова кога следен пат ќе гледате како се справува со негативци.

Коронавирус